Демонстрација на технологијата

 

Како нашата технологија комуницира со растенијата.

Четирите самостојни видео снимки прикажани подолу се лесно достапни на YouTube и даваат одлични примери за тоа како нашата комуникациска технологија влијае на водата, солта, електричната енергија, огнот, и други елементи. Стручниот термин за нашата комуникациска технологија е „киматика“. „Киматика“, од грчки: κῦμα, што значи „бран“, е наука за звукот и вибрациите кои се видливи, обично на површината на плоча, дијафрагма или мембрана. Фреквенцијата на киматиката е визуелизирана фреквенција на звучен бран и вибрации на материја. Површината на плочата, дијафрагмата или мембраната вибрира, и местата на максималното и минималното поместување се видливи во тенок слој на честички, паста или течност во зависност од фреквенцијата. Основната претпоставка е дека ние можеме да предизвикаме специфичен вид на бран во елемент и тој бран ќе предизвика молекуларна резонанца или вибрации кои можат да се пренесат на други елементи (ова е форма на „комуникација“). Со „киматика“, можеме да предизвикаме многу специфичен бран во вода кој има способност да комуницира со растенијата на молекуларно ниво, создавајќи прекрасен ефект со кој растението си ја подобрува производната активност на својата брзина, сила, здравје и исхрана. Нашата комуникациска технологија е 100% органска, без познати несакани ефекти. Главниот концепт што треба да се разбере е дека комуникациската технологија му помага на растението да си го постигне својот максимален природен потенцијал.
 

Комуникациските звучни бранови влијаат врз елементите

Стручниот термин кој се користи во ова видео е „синусен бран“. "Синусен бран" е геометриска форма на бран што осцилира (се движи нагоре и надолу, или напред и назад) периодично. Со други зборови, тоа е мазен бран во форма на S што осцилира над и под нулата. Друг стручен термин кој се користи во ова видео е „Херц“ (Hz). Херцот е единица за фреквенција и се дефинира како еден циклус во секунда. Мерка за фреквенција на звук - колку помалку херци, толку понизок звук; колку повеќе херци, толку повисок звук.
 

Комуникациски звучни бранови структури на водата

Стручниот термин кој се користи во ова видео е „генератор на тон“. Генератор на тон, познат и како генератор на сигнал, е електронски уред кој генерира повторувачки или не-повторувачки електронски сигнали за сигнализација или за тестирање опрема со аудио фреквенција. Овде, тон е звук со различна висина, квалитет и времетраење; нота.
 

Комуникациските звучни бранови имаат специфични шари

Во ова видео, ќе Ве запознаеме со Др. Масару Емото - јапонски автор, истражувач, научник, воспитувач, претприемач, кој тврди дека човековата свест влијае на молекуларната структура на водата. Во почетокот на својата работа, Емото го истражувал верувањето дека водата може да реагира на позитивни мисли и зборови, и дека загадената вода може да се прочисти со молитва и позитивна визуелизација. Стручниот термин кој се користи овде е „шестоаголна структура“. Шестоаголна вода или шестоаголна структура е специфичен распоред на индивидуалните молекули на водата каде што 6 H2O единици постојано се поврзуваат за да формираат прстенеста структура. Секоја вода содржи одреден процент на шестоаголни единици - некои извори повеќе од другите. Се чини дека процентот на шестоаголни единици зависи од голем број на фактори, вклучувајќи нивоа на токсини, содржина на минерали, движење, и енергетски влијанија на кои водата е изложена. На пример: хлор, флуорид и многу загадувачи кои обично се наоѓаат во општинските извори на вода ја уништуваат способноста на водата да формира шестоаголни единици. Водата од чешма обично има многу низок процент на шестоаголни структури. Друг стручен термин кој се користи во ова видео е „медиум“. Овде, „медиум“ е средство преку кое нешто се пренесува или изразува. Тоа е канал или систем за пренос на информации од испраќачот до примачот.
 

Др. Масару Емото демонстрира како комуникациските звучни бранови им даваат специфична структура на молекулите на водата